Дома Фудбал Италија Пандев и Џенова елиминирани од третолигаш, па останаа без тренер (видео)

Пандев и Џенова елиминирани од третолигаш, па останаа без тренер (видео)

Тимот на Џенова доживеа непријатна елиминација во Купот од третолигашот Виртус Ентела после изведувањето на пенали.

Во регуларниот дел беше 2:2, а после 120 минути игра мечот заврши 3:3, па победникот беше решен после изведување на пенали.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


За домаќините промаши Лападула во одлучувачката серија, па Џенова доживеа елиминација. Нашиот репрезентативец Горан Пандев влезе во игра во 58-та минута, но не шутираше во пенал серијата.

После натпрварот Џенова веднаш му врачи отаз на тренерот Јуриќ, а италијанските медиуми пренесуваат дека утре ќе биде назначен Прандели за нов тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Јувентус вечерва може да биде прекинат!

Светското клупско првенство запишува нова драма, додека натпреварот од осминафиналето поме…