Поразот од Џенова внесол немири во редовите на Лацио, пренесуваат италијанските медиуми.
Медиумите на „Чизмата“ дознаваат дека по натпреварот против Џенова кој Лацио го загуби со 1:2, тренерот Симоне Инзаги го критикувал Фелипе Андерсон за очајниот настап во последните 20 минути.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кориере дело Спорт“ тврди дека Симеоне е разочаран од Бразилецот и сака да го продаде. Да потсетиме, Андерсон експлодираше пред две години тогаш го сакаше и Манчестер Јунајтед до кој беше многу блиску, но остана на „Олимпико“. Остана, но никогаш не успеа да се врати во старата форма.
Сега Манчестер Јунајтед не е заинтересиран, но тука е Интер кој поминува низ тежок период и сигурно дека на лето ќе мора да се засилува.
Според гласините Интер би можел да го купи Андерсон за дваесетина милиони евра што и не е така голема сума кога ќе се погледне како денес стојат работите во фудбалот.