Дома Фудбал Италија Пандев изнуди пенал, Џенова загуби од Лацио (видео)

Пандев изнуди пенал, Џенова загуби од Лацио (видео)

Лацио ја продолжи фантастичната серија и трката за Скудетото откако попладнево славеше на гости кај Џенова со 2:3.

Гостите одлично го започнаа мечот и поведоа уште во 2-та минута со голот на Марушиќ, а тоа беше и резултатот со кој се замина на одмор.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Само што почна второто полувреме Лацио ја зголеми предноста со голот на Имобиле, а потоа гледавме вистинска борба на теренот.

Касата со одличен гол намали на 1:2 во 57-та минута, а само 60 секунди подоцна на теренот влезе Горан Пандев. Лацио преку еден контранапад зголеми на 1:3, а македонскиот капитен потоа изнуди пенал кој во гол го претвори Кришито за конечни 2:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…