Дома Трансфер зона Пандев за Партизан: Не знам од каде е оваа приказна

Пандев за Партизан: Не знам од каде е оваа приказна

Во српските медиуми се појави информација дека најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Македонија, Горан Пандев преговара со екипата на Партизан.

Напаѓачот кој во моментов настапува за екипата на Џенова преку медиумите во Македонија ја демантираше оваа вест.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


„Не знам ништо за најавите на Партизан. Навистина не знам од каде е оваа приказна. Пред неколку недели го продолжив договорот со Џенова. Овде ми е добро и среќен сум“, изјави нашиот репрезентативец.

Пандев има 34 години, а во текот на кариерата играше за Беласица, Интер, Спеди, Анкон, Лацио, Наполи и Галатасарај. За нашата репрезентација на 87 натпревари постигна 30 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн Минхен ја сака ѕвездата на Евертон

Винсент Компани работи на засилување на тимот за следната сезона и сака во Баерн Минхен да…