Дома Фудбал Лига на шампиони Пандев во специјално друштво го гледаше натпреварот на Интер против Бенфика 📸

Пандев во специјално друштво го гледаше натпреварот на Интер против Бенфика 📸

Интер вчера одигра 3:3 против Бенфика и така со вкупни 5:3 се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампионите каде што ќе игра полуфинале против Милан.

На вчерашниот натпревар во Милано присуствуваше и македонската фудбалска легенда Горан Пандев.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Пандев беше во друштво на Диего Милито и Родриго Паласио. Милито и Пандев заедно беа дел од историската генерација на Интер која во 2010 година освои „триплета“ (Серија А, Копа Италија и Лига на шампиони).

Заедничко за сите тројца е и што во еден период од кариерите играа и во Џенова каде што Паласио ги помина најдобрите денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Контроверзен црвен картон на Валверде ги разлути навивачите на Реал Мадрид

Дербито во Мадрид секогаш носи големи емоции, а синоќешниот возбудлив натпревар само ја ра…