Дома Трансфер зона Палота до Барселона: Не се извинувајте, испратете ми го Меси!

Палота до Барселона: Не се извинувајте, испратете ми го Меси!

palota

Бразилецот Малком крена голема „прашина“ на трансфер пазарот.

Малком веќе беше виден како нов играч на Рома, но место тоа на крајот заврши во редовите на Барселона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денес по повод овој неверојатен пресврт на трансфер пазарот се огласи и првиот човек на Рома, Џејмс Палота.

„Барселона се однесуваше неморално. На денот кога Малком требаше да потпише со нас, директорот Мончи беше во контакт со менаџерот, договорот беше постигнат. Имаме доказ, можеме да ги повикаме и луѓето од Бордо да сведочат. Вчера ме побараа од Барселона и ми се извинија, но не можам да го прифатам тоа извинување. Единствен начин да го прифатам нивното извинување е да ни го испратат Лионел Меси“, саркастичен беше Палота.

Палота потоа одговори и на забелешката „зошто се буни кога ништо не е потпишано“.

„Тоа се глупости. Сите знаат како функционираат работите во оваа работа. Тргнете ги на страна официјалните работи, однесувањето на Барселона не е етички. Не е морално. Малком сакаше да дојде кај нас, го посакуваа Лестер и Евертон, но немаа официјални понуди. Дури се договоривме и во неговиот договор да има откупна клазула од 120 милиони евра“, изјави првиот човек на „волчицата“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…