Дома Фудбал Италија Палермо се спаси од банкрот!

Палермо се спаси од банкрот!

Италијанскиот фудбалски клуб Палермо се спаси од банкрот и преселба во понизок ранг откако доби партнер во локалната фамилија Мири.

Во соопштението на клубот од Сицилија ,претсeдателот Рино Фоски укажува дека Палермо отвара нова ера со стабилен партнер во борбата за кам бек во Серија А.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Палермо потврдува дека е постигнат договор и продолжуваме по патот и со борбата за промоција во Серија А. Претседателот Рино Фоски доби стабилен партнер во семејството Мири, а добивме уште неколку помагатели“, пишува во соопштението.

Палермо е второпласиран во италијанската Серија Б со 42 бода, еден помалку од лидерот Бреша по 23 кола.

Во Палермо настапуваат македонските репрезентативци, Трајковски и Несторовски. Голгетерот на последниот натпревар беше без капитенската трака на раката, а потоа откри и зошто.

Неговиот поранешен соиграл Алјаж Струна забележа дека на раката на Македонецот ја нема капитенската лента, па го запраша зошто. На ова прашање Несторовски имаше интересен одговор и неговата ситуација ја спореди со онаа на Мауро Икарди од Интер.

„Во иста ситуација сум како и Икарди, побарав нов договор“, гласеше одговорот на македонскиот голгетер, Илија Несторовски.

На ова одново се огласи Струна кој иронично му порача ека го избрал вистинското време алудирајќи на финансиската ситуација во Палермо која воопшто не е добро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познати паровите за плеј-оф битките и четвртфиналето во Лигата на Нации

Во Лигата на Нации денеска беше одржана ждребката за плеј-оф битките за промоција и опстан…