Дома Фудбал Италија Палермо најави банкрот – каде ќе завршат Несторовски и Трајковски!?

Палермо најави банкрот – каде ќе завршат Несторовски и Трајковски!?

Претседателот на Палермо, Маурицио Зампарини потврди дека клубот има финансиски потешкотии и дека се наоѓа пред банкрот.

Маурицио Зампарини е во преговори со инвеститори од Кина, и доколку се реализира зделката во клубот ќе биде донесен свеж капитал, но во спротивно на клубот му се заканува банкрот.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Инвестирав повеќе од 100 милиони евра во Палермо. Но повеќе не можам да го правам тоа поради кризата која ги зафати сите претприемачи. Доколку не го продадам, клубот нема да може да продолжи”.

„Дали знаете дека ако не ги продадев Дибала и Белоти минатата година ќе имав 40-50 милиони загуби во оваа година? Ако не најдам некој кој ќе вложи 15 милиони евра нема да можеме да ја завршиме сезонава“, истакна Зампарини.

Доколку Палермо не постигне договор со кинеските инвеститори можно е да продаде неколку играчи во јануари, а едно имињата е и нашиот Илија Несторовски кој воодушеви со настапите во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Време ли е за титула на Арсенал? Погледнете го моќниот тим што го состави Артета (Фото)

Од кога Микел Артета стана тренер во 2019 година, Арсенал покажува јасен напредок. Од клуб…