Дома Фудбал Италија Палермо испадна од Купот, Несторовски остана без тренер!

Палермо испадна од Купот, Несторовски остана без тренер!

Палермо со поразот на пенали од Специја се прости од натпреварите во италијанскиот Куп, а тоа го чинеше отказ тренерот Роберто Де Зерби.

Мечот по 120 минути заврши без голови, а во пенал серијата Специја победи со 4:3. Балог во четвртата и Голданига во петтата серија не беа прецизни од белата точка.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, кој е единственатат светла точка во очајниот тим на Палермо, нетпреварот го гледаше од клупата за резервни играчи.

Веднаш по натпреварот првиот човек на клубот, Маурицио Зампарини му врачи отказ на тренерот Роберто Де Зерби. Медиумите тврдат дека негов наследник ќе биде Еугенио Корини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона сака да го организира финалето на ЛШ во 2029 година

Фудбалскиот клуб Барселона, заедно со Градскиот совет на Барселона и Владата на Каталонија…