Борусија Дортмунд денес во последните минути од натпреварот против Волфсбург стигна до победа од 2:0.
„Милионерите“ така одново се вратија на врвот на табелата и сега имаат два бода предност пред Баерн Минхен кој денес одигра само 1:1 на гостувањето кај Фрајбург.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Борусија до победата стигна и со голема доза на среќа. За „милионерите“ погодуваше Пако Алкасер во 90-тата и 94-тата минута. Посебно се издвојува првиот гол кој играчот на Борусија Дортмунд го постигна од слободен удар.
Пако Алкасер со денешните два гола во самиот финиш стана првиот играч во историјата на Бундес лигата кој во една сезона постигнал 5 голови во 90-тата минута.
5 – Paco Alcacer (@BVB) is the first player in #Bundesliga history to score 5 goals in the 90th minute in only one season. #BVBWOB pic.twitter.com/dRSvymLodK
— OptaFranz (@OptaFranz) March 30, 2019
Со овие два гола Пако Алкасер стигна до бројката од 16 погодоци во германското првенство.
Paco Alcacer is not letting Bayern get away with the Bundesliga title! pic.twitter.com/1Vjo4D9MpK
— Liam King (@LK95_) March 30, 2019