Англиските медиуми пренесуваат дека раководството на Вест Хем постигнало договор со ПСЖ за трансфер на Хавиер Пасторе.
Вест Хем на кормилото го донесе Мануел Пелегрини и сака да направи квалитетн тим за следната сезона, а првото засилување пристигнува од Париз.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, „Скај Спорт“ пренесува дека договорот е постигнат и Пасторе за 20 милиони евра ќе се пресели во Лондон.
Аргентинскиот плејмејкер падна во втор план и уште во јануари беше на излезна врата од ПСЖ, а сега кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.
Медиумите тврдат дека се очекува во наредните денови да пристигне во Лондон на медицински прегледи и официјално да стави потпис на договорот.
West Ham are in talks to sign Javier Pastore. PSG would be willing to sell for €20m. (Source: SkySports) pic.twitter.com/IksC1ADlc3
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 1, 2018