Дома Трансфер зона Падна договор: Играчот на Барса ги спакува куферите

Падна договор: Играчот на Барса ги спакува куферите

Како што пренесуваат шпанските медиуми, младиот фудбалер на Барселона, Карлос Алења кариерата ќе ја продолжи во Бетис.

Играчот за врска не е во плановите на Ернесто Валверде, па се шпекулираше за негов трансфер во Тотенхем, но после заминувањето на Покетино тој трансфер пропадна.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сега медиумите пренесуваат дека неговиот трансфер во Бетис е договорен и ќе биде официјализиран во јануари. Алења ќе се пресели на позајмица до крајот на сезоната со опција Андалузијците да го откупат договорот на лето.

Барса се согласила на таква опција, но во тој случај во договорот ќе има „бај-бек“ клаузула со која Каталонците ќе можат да го вратат играчот на Камп Ноу во следните две години за одредена сума.



Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…