Дома Топ вести Падна договор: Де Јонг во Барселона за 90 милиони евра

Падна договор: Де Јонг во Барселона за 90 милиони евра

Младиот холандски фудбалер Френки Де Јонг договорил трансфер од Ајакс во Барселона.

Според холандските медиуми, 21-годишниот играч на Ајакс ја прифатил понудата од Барса и од летоска ќе го облече дресот на каталонскиот великан.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во борбата за овој фудбалер тимот од Камп Ноу ја победи екипата на ПСЖ. За услугите на Де Јонг Барса ќе плати 90 милиони евра, а ПСЖ претходно нудеше 75 милиони.

Младиот играч имаше дилеми околу трансферот на Камп Ноу. Не сака да седи на клупата, но раководството на Барса сепак на крајот го убеди да потпише за нив.

Така, Де Јонг од летото ќе го облече дресот на еден од најголемите светски клубови и сосема сигурно ќе има што да покаже.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Toa што му го направи Модриќ со Динамо е брутално, Бобан остана без зборови

Лука Модриќ по 13 години ги напушта редовите на Реал Мадрид и кариерата ја продолжува во р…