Дома Фудбал Англија Очајна статистика: Ова е доказ дека Кепа е најслаба „алка“ во Челзи

Очајна статистика: Ова е доказ дека Кепа е најслаба „алка“ во Челзи

Шпанскиот голман на голот на Челзи, Кепа Аризабалага често пати е на мета на критики на јавноста на Островот поради неговите бледи настапи.

Челзи предводен од новите играчи вчера немаше проблеми на гостувањето во Брајтон и славеше победа со сигурни 1:3. Головите за тимот на Френк Лампард ги постигнуваа Жоргињо, Џејмс и Зума, додека голот за утеха кај домаќините го постигна Тусард.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Англичаните едноставно се мајстори за статистика и тешко може да им „избега“ интересен податок. Така британскиот новинар Ричард Џоли забележа податок дека голманот на Челзи Кепа Аризабалага сметајќи го и финишот од минатата сезона од последните 13 удари кон неговиот гол примил дури девет голови.

Во споменатата статистика покрај вчерашниот натпревар влегоа и двата последни натпревари од претходната сезона. Натпреварот со Ливерпул 5:3 и со Шефилд 0:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…