Дома Фудбал Италија Официјално: Јувентус е исфрлен од европските натпреварувања

Официјално: Јувентус е исфрлен од европските натпреварувања

Она што се очекуваше сега доби официјална потврда, Јувентус нема да игра во Европа во новата сезона, на негово место во Конференциската лига ќе настапи Фиорентина.

Јувентус минатата сезона беше казнет со 10 бода во Серија А поради финансиски малверзации и заврши на седмото место на табелата.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Меѓутоа, УЕФА отвори истрага за целиот случај и на „бјанконерите“ му се закануваше суспензија од европските натпреварувања.

УЕФА денес го суспендира Јувентус од Европа за идната сезона и му даде казна од 10 милиони евра поради финансиски нерегуларности.

Казната може да се зголеми на 20 милиони евра доколку во следните три години Јувентус ги прекрши правилата за Финансиски фер плеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Жегрова ќе го сонува промашувањето во продолженијата: Херојската победа на Јувентус не беше доволна за осминафинале! (Видео)

Фудбалскиот тим на Јувентус вечерва успеа на кратко да се врати во живот во Плеј-офот на Л…