Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Официјално: ФИФА отвори постапка против Србија поради натпреварот со Швајцарија

Официјално: ФИФА отвори постапка против Србија поради натпреварот со Швајцарија

Вчера од Фудбалскиот сојуз на Косово најавија дека е поднесена жалба до ФИФА, а денес од Светската куќа на фудбалот потврдија дека е отворена постапка против Србија.

Против Србија е отворена постапка поради недолично однесување за учесниците во тој натпревар, но и поради дискриминација.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Фудбалскиот сојуз на Србија е обвинет од страна на Дисциплинската комисија за прекршување на неколку точки.

Допрва ќе се знае дали и ако има каква ќе биде тоа казна за Србија. Србија со поразот од Швајцарија го заврши настапот во групата како последна зад Камерун, Швајцарија и Бразил.

Медиумите после тој натпревар посебно ги истакнуваа пцовките на Пикси на национална основа после голот на Влаховиќ кога Србија поведе со 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Стигна објаснување: Еве зошто Ливерпул вчера против Реал не доби пенал (Видео)

Фудбалерите на Ливерпул славеа против Реал Мадрид со 1:0 на Енфилд, а единствениот погодок…