Францускиот фудбалер Маркус Турам од денес и официјално е нов фудбалер на Интер.
Турам во редовите на Интер пристигнува како слободен играч откако му истече договорот со Борусија Менхегладбах, а потпиша договор до 2028 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Турам ова е четврти клуб во кариерата откако како тинејџер беше дел од Сошо и Генгамп. Летово за него беа заинтересирани ПСЖ и Милан, меѓутоа на крајот се одлучи да продолжи во Интер.
Како што е познато тој е син на легендарниот капитен на Франција, Лилијам Турам.