Она што се најавуваше денес доби и официјална потврда.
Од денес Бепе Марота и официјално повеќе не е член на Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Искусниот Марота ја извршуваше функцијата извршен директор во редовите на „старата дама“, стои зад бројни мајсторски трансфери во изминатите осум години, а на самитот на ФИФА беше прогласен и за најдобар во светот во својата работа.
Во продолжение ви го претставуваме официјалното соопштение преку кое Јувентус му се заблагодари на Марота.
„Беше први јуни 2010 година кога Џузепе Марота беше поставен за генерален менаџер на Јувентус. Само неколку недели подоцна стана дел од управниот одбор на Јувентус и поставен за извршен директор. Така започна една незаборавна ера во која Бјанконерите непрестано растеа, од година во година, со некои од најголемите шампиони во светот“.
„Во текот на ова патување Јувентус освои седум Скудета во низа, четири купа на Италија, три Суперкупа на Италија, а се здоби и со меѓународен респект играјќи две финалиња во Лигата на шампионите во период од три години“.
„Спортските успеси се само највозбудливиот дел од еволуцијата на клубот, отварањето на „Алијанц стадионот“ во 2010 година, новиот индентитет лансиран изминатата година, раѓањето на женскиот тим на Јувентус кој веднаш започна да победува, создавање на У23 тим…Тоа се само некои од чекорите кои беа направени за клубот да стекне планетарна димензија“.
„Во секој од овие успеси Марота остави голема трага. Исто така незаборавни ќе бидат и лекциите научени работејќи со него“.
„Поминавме одлични осум години, заедно со успехот и Јувентус засекогаш ќе остане во моето срце“, изјави Марота пред неколку недели, а на ист начин неговото име засекогаш ќе остане запишано во клупската историја“
„Ти благодарме на се директоре“, стои во соопштението од Јувентус.
Juventus say thank you and goodbye to Giuseppe Marotta and Aldo Mazzia.
➡️ https://t.co/fZuBzpcxGO
➡️ https://t.co/C9KgdfylzL pic.twitter.com/IT8IHdAJ8H— JuventusFC (@juventusfcen) October 25, 2018