Дома Фудбал Англија Официјално: Солскјер доби договор во Манчестер Јунајтед!

Официјално: Солскјер доби договор во Манчестер Јунајтед!

Oна што толку долго се чекаше сега доби официјална потврда – Солскјер доби договор во Манчестер Јунајтед!

Утрово, Манчестер Јунајтед на својот официјален сајт потврди дека Солскјер потпишал договор со клубот на три години.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Солскјер како фудбалер постигна 126 гола на 366 натпревари за Манчестер Јунајтед од 1996 до 2007 година, беше тренер и на малдинскиот тим на Јунајтед.

На клупата на Манчестер Јунајтед Солскјер седна на 19-ти декември кога го наследи Жозе Мурињо после катастрофалните резултати.

Од неговото доаѓање Манчестер Јунајтед започна да игра многу подобро и на 19 натпревари запиша 14 победи, два нерешени натпревари и три порази. Солскјер успеа да го елиминира и Пари Сен Жермен и со Јунајтед да обезбеди четвртфинале во Лигата на шампионите.

„Од првиот ден кога пристигнав во овој клуб се чуствувам како дома. Имав чест да бидам играч на Манчестер Јунајтед, а потоа и да ја започнам мојата тренерска кариера тука. Последните неколку месеци беа фантастично искуство за мене и сакам да се заблагодарам на сите тренери, играчи и персонал во клубот за се што направивме во овој период. За вакво нешто сонував од самиот почеток и возбуден сум што ќе имам прилика на подолг период да бидам тренер на Манчестер Јунајтед“, изјави Солскјер.

Своја изјава даде и извршниот претседател на Јунајтед Ед Вудворд.

„Резултатите на Солскјер зборуваат сами за себе. Договорот и тоа како го заслужи. Мислам дека со него сме на вистинскиот пат“. Изјави помеѓу другото Вудворд.

Засега не беа откриени финансиските детали од договорот на Норвежанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Изминаа десет години од смртта на човекот за кој фудбалот беше образование, животна школа и надеж.

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на поранешниот генерален секретар на Фудбалската…