Дома Останати Ракомет Официјално: Скубе продолжува во Франција!

Официјално: Скубе продолжува во Франција!

Иако се очекуваше на почетокот на новата сезона да го видиме во Келце, екс вардарецот Сташ Скубе ќе го носи дресот на француски Монпелје со кој потпиша тригодишен договор.

Скубе претходно имаше договорено соработка со полскиот шампион каде што требаше да премине од Мешков Брест ова лето. Потоа се шпекулираше дека Бертус Сервас може да го испрати на позајмица во францускиот тим, меѓутоа договорено е Словенецот да стане играч на Монпелје.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Според информациите Монеплеј на Келце ќе му плати сума од 200.000 евра. Претседателот на Келце, Бертус Сервас изрази задоволство од оваа зделка.

„Задоволен сум од исходот на преговорите, благодарен сум и на Французите за професионалниот пристап. Верувам дека пронајдовме решение кое е во интерес на сите страни“, изјави Сервас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Најавено ново натпреварување од септември – ќе играат Македонија и други репрезентации!

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов пред вечерашнит…