Дома Македонски спорт Мак ракомет Во чартер летот на Монпелје за Франција со тимот имало и десет Авганистанци

Во чартер летот на Монпелје за Франција со тимот имало и десет Авганистанци

Завчера во „Јане Сандански“ се одигра натпреварот помеѓу Вардар и Монплеје во кој Французите си заминаа со победа, меѓутоа веста која стана главна приказна во повеќе медиуми се случи кога Французите се враќаа со чартер летот.

Имено, заедно со ракометарите и стручниот штаб во чартер летот за Франција имало и 10 Авганистанци кои привремено беа сместени во нашата земја поради бегството од Талибанците.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во прашање се членови на семејството на поранешниот градоначалник на градот Гази, Хакимула Газнивал. Тој бил почесен граѓанин на Монплеје од 2003 година, па така кога почнала војната во Авганистан побарал помош.

Тие не успеале на време да ги евакуираат од Кабул, но успеале да се спасат и преку Тбилиси да дојдат во Скопје. Во меѓувреме нивото барање стигнало до Монпелје и тие виделе вистинска прилика во гостувањето на францускиот тим да им излезат во пресрет.

Веста ја потврди и средниот бек на Монпелје Диего Симонет.

„Дедо ми побегна од Мајорка во времето на фашистот Франко, тој како скриен патник на брод тргна во потрага по подобар живот во Аргентина. Таму успеа да отвори свој дуќан и да живее подобро. Среќен сум што помогнавме на некого да почне нов живот“, изјави Симонет.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …