Манчестер Сити и официјално го потврди трансферот на Мануел Аканџи од Борусија Дортмунд.




„Граѓаните“ за 27-годишниот дефанзивец ќе платат 18 милиони евра, а Аканџи потпиша договор до 2027 година со англискиот шампион.




Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Швајцарец сакаше да ја напушти Бирусија, а на „Етихад“ ќе треба да се избори за место со Рубен Дијаз, Џон Стоунс, Нејтан Аке и Ајмерик Лапорт.




„Да, ми се допаѓа како игра Манчестер Сити. Гледам многу Премиер лига и очигледно многу од натпреварите на тимот затоа што тие ја освоија титулата неколку пати. Навистина ми се допаѓа стилот на игра што го игра тимот и мислам дека можам совршено да се вклопам“, изјави Аканџи.