Шпанскиот играч за врска Сеск Фабрегас си заминува од Монако откако не доби продолжување на соработката.
Фабрегас помина три ипол сезони во кнежеството, меѓутоа во последната забележа само пет настапи во сите конкуренции. Во овој момент не е познато дали Фабрегас ќе стави крај на кариерата или ќе продолжи во друг клуб.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во еден период од кариерата Фабрегас беше помеѓу најдобрите играчи за врска од средниот ред. Се прослави како тинејџер во Арсенал, а потоа во 2011 година се врати во Барселона каде што ги имаше почетоците на кариерата.
Уште еднаш се врати во Премиер лигата во 2014 во Челзи, за во Монако да пристигне во 2018 година.
Cuídate, @cesc4official 🫂#GraciasCesc pic.twitter.com/j94HnNZSiY
— AS Monaco 🇲🇨 (@AS_Monaco) June 18, 2022