Дома Трансфер зона Официјално: Себаљос на позајмица во Арсенал!

Официјално: Себаљос на позајмица во Арсенал!

Дани Себаљос денес го комплетираше трансферот во Арсенал, каде следната сезона ќе игра како позајмен фудбалер од Реал Мадрид.

Станува збор за едногодишна позајмица без опција за откуп во договорот на 22-годишниот фудбалер.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Себаљос не влегува во плановите на Зидан за оваа сезона, па поради тоа реши да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.

Од Реал Мадрид претпочитаат да не го продаваат својот фудбалер, туку да ги испратат на позајмица, а следното лето ќе одлучуваат за неговата иднина.

Себаљос ќе биде големо засилување за „топџиите“ следната сезона, а на „Емирати“ ќе го носи дресот со број 8.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…