Дома Фудбал Италија Официјално: Роналдо не е повикан за мечот со Аталанта

Официјално: Роналдо не е повикан за мечот со Аталанта

Тоа што се најавуваше сега доби и официјална потврда, Кристиано Роналдо го пропушта мечот со Аталанта, откако не отпатува со тимот во Бергамо.

Роналдо за време на репрезентативната пауза беше во одлична состојба и постигна четири гола на два меча, но тренерот на Јувентус Маурицио Сари тврди дека Португалецот се уште има повреда.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Наводно и самиот Роналдо му потврдил на тренерот дека не се чувствува добро, па сега стигна потврда дека официјално не е во тимот за мечот со Аталанта.

Покрај Роналдо мечот ќе го пропуштат ште Рабио и Алекс Сандро кои исто така се повредени, а добрата вест е што Пјаниќ и Матуиди се вратија во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид ќе го врати својот бисер од Серија “А”

Нико Пас, по одличните настапи со дресот на Комо, се подготвува за враќање во Мадрид, биде…