Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби и официјална потврда, Манчестер Јунајтед го раскина договорот со Кристиано Роналдо.
После шокантното интервју кое го даде Роналдо каде отворено го критикуваше клубот, тренерот и соиграчите јасно беше дека тој повеќе нема иднина на „Олд Трафорд“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед веднаш почна да работи на раскинување на договорот кој истекуваше на крајот на сезоната.
Клубот сега со официјално соопштение потврди дека со меѓусебен договор Роналдо не е повеќе играч на Манчестер Јунајтед.
Cristiano Ronaldo is to leave Manchester United by mutual agreement, with immediate effect.
— Manchester United (@ManUtd) November 22, 2022
The club thanks him for his immense contribution across two spells at Old Trafford.#MUFC