Дома Трансфер зона Официјално: Рома го донесе првото засилување!

Официјално: Рома го донесе првото засилување!

Рома денес и официјално го потврди првото летно засилување, а станува збор за мексиканскиот репрезентативец, Хектор Морено.

Мексиканскиот дефанзивец пристигна за 5 милиони евра од екипата на ПСВ и ќе биде засилување за дефанзивната линија на „волчицата“.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Ова лето Рома најверојатно ќе остане без Рудигер, за кого има многу понуди, па Морено пристигнува како замена за Германецот.

29-годишниот стопер за мексиканската репрезентација има одиграно 79 натпревари, а со Рома потпиша договор до 2021 година.

Минатата сезона Морено со успех го носеше дресот на ПСВ, одигра 32 натпревари и постигна седум гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…