Како и што се најавуваше, Реал Мадрид го потврди ангажманот на 33-годишниот Хоселу кој пристигнува на позајмица со опција за откуп..
Хозелу е четвртото засилување за „кралевите“ во овој преоден рок по Фран Гарсија, Брахим Дијаз и Џуд Белигем.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Изминатата сезона Хозелу ја помина во редовите на Еспањол, а Реал за неговата позајмица ќе плати 500.000 евра, опцијата за откуп изнесува 1.5 милион евра.
Добрите настапи за Еспањол на Хоселу му донесоа и повик во шпанската репрезентација со која ја освои Лигата на Нации. Хозелу беше стрелец на победничкиот гол во полуфиналето против Италија, во финалето Шпанците на пенали беа подобри од Хрватска.
Comunicado Oficial: Joselu#RealMadrid | #JoseluIsBack
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 19, 2023