Италијанскиот гигант интер на својата официјална страна го потвди ангажманот на Рафиња Алкантара!
Рафиња доаѓа од Барселона на позајмица до крајот на сезоната, но Интер ќе има можност на лето да го откупи неговиот договор за 35 милиони евра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бразилецот ќе го носи дресот со број „осум“ и сигурно ќе биде големо засилување за Спалети во борбата за место кое води во Лигата на шампиони.
„Многу сум среќен што доаѓам во овој клуб. Ова е важна етапа во мојата кариера и ќе го дадам најдоброто од себе за да победувам со овој дрес“, изјави Рафиња.
Ufficiale: @Rafinha è un nuovo giocatore dell'Inter! ⚫️?
? https://t.co/LqLDEI5OCp#WelcomeRafinha #ForzaInter #InterIsComing pic.twitter.com/JgqeucX7YH
— Inter (@Inter) January 22, 2018