Сега е и официјално, Рајан Бабел е нов играч на Фулам!
Холандскиот напаѓач доаѓа во лондонскиот клуб од турски Бешикташ во трансфер вреден два милиони евра. Споменатиот износ Фулам ќе го плати во вид на позајмица до крајот на сезоната кога на Бабел му истекува договорот со инстанбулскиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради финансиските проблеми кои ги има Бешикташ сакаше само да се ослободи од Бабел и високата плата која ја добиваше овој фудбалер (три милиони евра по сезона). Од истата причина неодамна и португалскиот стопер Пепе го раскина договорот со Бешикташ и направи трансфер во Порто.
Бабел е првото засилување за Фулам во овој преоден рок.
„Дефинитивно верувам во опстанок и тоа е една од причините поради што дојдов тука. Спремен сум возбуден и едвај чекам да заиграм“, изјави Бабел на промоцијата.
Тој во претходните две сезони го носеше дресот на Бешикташ, а претходно настапуваше за Депортиво, Ал Аин, Кашимапаша, Ајакс, Хофенхајм и Ливерпул.
OFFICIAL: Former Liverpool forward Ryan Babel has joined Fulham! ⚪ #FFC pic.twitter.com/oxNb77fFHo
— Goal (@goal) January 15, 2019