Дома Фудбал Италија Официјално: Пиоли во Милан до 2025 година

Официјално: Пиоли во Милан до 2025 година

Италијанскиот шампион Милан денес потврди дека ја продолжил соработката со тренерот Стефано Пиоли.

Пиоли стави потпис на нов договор до 2025 година и доби значително зголемување на платата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Пиоли пристигна на „Сан Сиро“ пред точно три години и минатата сезона го однесе Милан до шампионската титула во Италија после цели 11 години.

Раководството сака да го задржи долгорочно тренерот и му понуди нов договор со зголемување на платата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

За спектакуларната кореографија против Лил Звезда заработи казна!

Европската фудбалска федерација донесе одлука за казнување на Црвена ѕвезда поради случува…