Поранешниот тренер на Реал Мадрид и Манчестер Сити, Мануел Пелегрини ја заврши својата авантура во Кина и одлучи да се врати во Англија.
Пелегрини беше тренер на кинескиот клуб Хебеија, но одлучи дека е време за разделба со овој клуб. Искусниот тренер доби занимлива понуда од Англија која едноставно не можеше да се одбие, а денеска официјално е потврдено дека е избран за нов тренер на Вест Хем.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Така овој 64. годишен тренер на клупата на лондонскиот клуб ќе дојде на местото на Давид Мојс кој не се прослави оваа сезона. Пелегрини со Вест Хем потпиша договор на три сезони. Покрај Реал и Сити, аргентинскиот стучњак во својата европска кариера ги тренираше уште Виљареал и Малага.
Your new West Ham United manager… #WelcomePellegrini pic.twitter.com/UuPWfGCZbz
— West Ham United (@WestHamUtd) May 22, 2018