Манчестер Јунајтед денес и официјално го претстави новиот голман, Андре Онана, кој доаѓа од Интер.
„Црвените ѓаволи“ беа во потрага по наследник на Де Геа, а после долгите преговори постигнаа договор со Интер за трасфер тежок 52 милиони евра плус бонуси.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
27-годишниот камерунски чувар на мрежата потпиша 5-годишен договор со опција за продолжување на уште една сезона.
„Да се биде дел од Јунајтед е неверојатна чест и цел живот работев за ваков момент. Ќе биде неверојатно чувството кога ќе излезам на Олд Трафорд за да го чувам голот. Ова е нов предизвик за мене, со нови амбиции и нови соиграчи“, изјави Онана.
That's his name 👇@AndreyOnana is United! 🔴#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) July 20, 2023