Манчестер Јунајтед оваа сезона го продолжи договорот со неколку важни фудбалери, а денес „црвените ѓаволи“ се пофалија со уште еден важен потпис.
Имено, Манчестер Јунајтед денес ја активираше клаузулата во договорот на талентираниот Андреас Переира и му го продолжи договорот на дополнителни 12 месеци.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Договорот на Переира истекуваше на крајот на сезоната, па од клубот решија да го продолжат за уште една година, а во меѓувреме водат преговори со неговиот агент за долгорочен договор.
23-годишниот фудбалер оваа сезона запиша 14 настапи за Манчестер Јунајтед на кои постигна 1 гола и запиша една асистенција.
Бразилецот, кој има и беглиско државјанство, стигна во Манчестер Јунајтед уште во 2012 година од академијата на ПСВ.
Фил Џонс, Крис Смолинг, Лук Шо, Ешли Јанг и Антони Марсијал неодамна ги продолжија договорите со клубот, па сега „црвените ѓаволи“ ќе се насочат кон Де Геа со кого веќе неколку месеци водат преговори за нов договор.