Дома Фудбал Официјално: Начо во Реал до 2023 година!

Официјално: Начо во Реал до 2023 година!

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официлна потврда, Начо стави потпис на нов договор со Реал Мадрид.

Дефанзивецот со новиот договор се обврза на верност со „кралевите“ до 2023 година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Двете страни брзо најдоа заеднички јазик околу новиот договор, а се очекува Начо следната сезона да игра значајна улога во тимот после заминувањето на Серхио Рамос.

30-годишниот Шпанец е дете на Реал Мадрид и целата кариера ја мина на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико сака да ја продолжи соработката со Симеоне

Раководството на Атлетико Мадрид размислува за можноста за продолжување на соработката со …