Бразилецот Натан Бернардо де Соуза денес и официјално потпиша договор со Наполи каде што пристигнува како замена за Ким Јае Мин кој се пресели во Баерн.
Шампионот на Италија за дефанзивецот плати оштета од 10 милиони евра на неговиот клуб Ред Бул Брагантино.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Брагантино тој одигра 103 натпревари и постигна три гола. 22-годишниот дефанзивец ќе го наследи Ким кој беше еден од најважните фудбалери во шампионската сезона за тимот од Неапол.
Пред Брагантино Мин настапуваше за Фламенго и за него ова ќе биде прв клуб во Европа.
🤝 Natan è un giocatore azzurro!
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) August 7, 2023
💙 #ForzaNapoliSempre https://t.co/Q4Y7B2gPys