Паоло Дибала доби свој сонародник во Рома, нов член на Рома е Леандро Паредес кој се враќа во Рим.
Паредес во Рома пристигнува како замена за Немања Матиќ кој се пресели во Рен. Аргентинецот потпиша договор со Рома со трајност до 30. јуни 2025 година. Претходно дресот на Рома Паредес го носеше шест години.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Враќањето во Рим за мене е емотивно, а играњето за Рома уште поемотивно. Им благодарам на фановите што ме примија и клубот што ме врати. Минатата година имав чест и задоволство да го освојам Светското првенство, сега сакам да продолжам да победувам, а тоа со Рома сигурно можам да го направам“, изјави Паредес.
🤝 Bentornato, Leandro! 🟡🇦🇷🔴#ASRoma pic.twitter.com/6UUNBbn8xe
— AS Roma (@OfficialASRoma) August 16, 2023