Дома Фудбал Италија Официјално: Милан го „блиндираше“ Ромањоли до 2022 година!

Официјално: Милан го „блиндираше“ Ромањоли до 2022 година!

Италијанскиот клуб Милан денес и официјално го потврди новиот договор на еден од најважните играчи на тимот, Алесио Ромањоли.

23-годишниот дефанзивец стави потпис на нов договор и се обврза на верност кон „росонерите“ до 2022 година.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Ромањоли пристигна пред три години во Милан за 25 милиони евра како еден од најголемите италијански таленти, а веќе се етаблираше како еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.

За него интерес покажаа многу европски гиганти, но Милан денес ја „блиндираше“ својата ѕвезда до 2022 година.

„Иако има само 23 години Алесио веќе е еден од најдобрите дефанзивци во светот. Му благодариме што верува во Милан и што не ги слушаше понудите од другите клубови. Се надеваме дека долги години ќе го носи дресот на Милан“, изјави директорот на „росонерите“ Марко Фасоне.

„Среќен сум што клубот верува во мене. Милан секогаш бил мојот прв избор и се надевам дека ќе имаме големи успеси во годините што претстојат“, изјави Ромањоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На клупата на Реал тагува момче од 50 милиони, изразот на лицето кажува сѐ!

Ендрик пристигна во Реал Мадрид како тинејџер. Се зборуваше за него дека е новиот Роналдо …