Дома Трансфер зона Официјално: Лукас Дињ е нов фудбалер на Евертон

Официјално: Лукас Дињ е нов фудбалер на Евертон

Евертон и официјално го потврди трансферот на Лукас Дињ од Барселона.

25-годишниот лев бек вчера ги мина лекарските прегледи и се обврза на договор со „карамелите“ до 2023 година.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Евертон има голема историја и мене ми е мило зашто ќе бидам дел од него. Сакам да ги покажам моите квалитети тука и да ја откријам најдобрата лига во светот. Секој ја сака Премиерлигата, а тоа е една од причините зошто сум тука“, изјави Французинот.

Иако финансиските детали не се обелоденети, англиските медиуми откриваат дека Евертон на Барселона ќе и плати 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…