Десниот бек на Јувентус, Стефан Лихштајнер денес и официјално стави потпис на нов договор и ја продолжи соработката со „бјанконерите“ до 2018 година.
Договорот на Швајцарецот истекуваше на крајот на сезоната, па иако се очекуваше да ја промени средината, сепак се реши да го потпише нов, едногодишен договор со „старата дама“.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
33-годишниот фудбалер е веќе дел од историјата на Јувентус и во изминатите пет години пет пати беше шампион на Италија.
Иако изминатите години до него пристигнуваа голем број на понуди тој остана верен на „старата дама“ каде ќе остане најмалку до 2018 година.