Иако преодниот рок во Англија истече вчера во 18:00 часот тимот на Евертон денес го официјализираше последното засилување.
Стоперот на Челзи, Курт Зума оваа сезона ќе ја помине како позајмен фудбалер во Евертон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Французинот е последното засилување за „карамелите“ после Јери Мина, Андре Гомеш, Лукас Диње, Жоа Вирџинија и Ричарлисон.
Малку е чудно што Евертон овој трансфер го потврдува денес, но тоа е така поради што се чекало само потврда од ФА, комплетната документација била испратена вчера во дадениот рок.
Зума дебитираше за Сент Етјен на само 16 години, а после три сезони се пресели во редовите на Челзи.
Во Евертон Зума ќе го носи дресот со број 5.
?? | Defender @KurtZouma joins #EFC on a season-long loan from @ChelseaFC.
More ➡️ https://t.co/JdHLN6iDpN pic.twitter.com/IzIHxBTahN
— Everton (@Everton) August 10, 2018