Дома Фудбал Англија Официјално: Кристијан Ериксен се врати во Премиер лигата!

Официјално: Кристијан Ериксен се врати во Премиер лигата!

После повеќе од пола година Кристијан Ериксен конечно се враќа на фудбалскиот терен.

Драмата започна летоска на Европското првенство кога доживеа cрцев yдар на натпреварот против Финска, па лекарите со многу напор успеаа да го вратат во живот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Данецот неколку недели помина во болница и доби совет да ја заврши кариерата, но тој не сака тоа да го направи. Ериксен претходните месеци напорно тренираше и спремен е повторно да се врати на теренот.

Откако неодамна го раскина договорот со Интер одлучи да се врати во Англија и повторно ќе го гледаме во Премиер лигата.

Имено, Ериксен потпиша договор со Брентфорд, а клубот го официјализираше трансферот. Данецот потпиша договор до крајот на сезоната со опција за продолжување на соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Голман застрелан во улична пресметка: Семејството на младиот спортист во очај (Фото)

Голманот на клубот Форвард сонуваше за професионална кариера, но беше брутално убиен во са…