Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста е жестоко казнет од страна на раководството на Ла Лига.
Искусниот напаѓач беше исклучен во 28-тата минута против Барселона откако испрати пцовки на сметка на главниот судија Гил Манзано.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Да и се се*ам на твојата еб*на мајка“, извикуваше Коста додека беше внесен во лицето на Манзано.
Тоа на крајот ќе го плати со жестока суспензија. Коста доби вкупно осум натпревари и за него оваа сезона е завршена.
Исто така нема да го гледаме ниту во првото коло од наредната сезона, секако доколку остане во шпанското првенство.
Вкупно оваа сеозна Коста настапи на 21 натпревари и постигна пет голови, што е скромен учинок за разлика од она што се очекуваше од него.
Шпанските медиуми пренесуат дека Коста во соблекувалната сфатил што направил, но веќе било доцна да се кае. Наводно, дури и заплакал бидејќи и на него му станало јасно дека ќе добие жестока казна поради дивеењето на теренот.
Исклучувањето го оправда и аргентинскиот стратег на кормилото на Атлетико.
Диего Симеоне после натпреварот дознал што се случувало и призна дека неговиот играч направил голема глупост и дека заслужил да биде исклучен.
Треба да се спомне дека во таа ситуација кога Коста дивееше Жерар Пике се обидуваше да го смири напаѓачот.