Дома Фудбал Останато Официјално: Клубот кој во 2015 година играше финале во Лига Европа од денес не постои!

Официјално: Клубот кој во 2015 година играше финале во Лига Европа од денес не постои!

Беше најавено, а денес стигна и официјалнатата потврда – клубот кој во 2015 година играше финале повеќе не постои!

Парите го променија фудбалот тоа е дефинитивно. Дел успеаа да се прилагодат, но на дел и не им успеа. Помеѓу овие вторите за жал е и украсинскиот Днипро.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Овој има традиција долга 101 година, а во 80-тите беше еден од најдобрите во светот. Во 1989 година тие станаа првиот професионален клуб во Украина. Неодамна беше објавено дека клубот не успеал да се регистрира за настап во четвртата лига во Украина, а денес е објавено дека и официјално се соочиле со банкрот.

Пред само четири години Днипро ја имаше една од најдобрите сезони во својата историја (2014/2015). Таа година овој украински тим стигна до финалето во Лига Европа каде што претрпеа пораз од шпанска Севиља со 2:3.

Поради воената состојба во Украина тимот играше на 400 километри од својот Киев меѓутоа тоа не им беше проблем на Конопјанка, Бојку, Никола Калиниќ, Даглас, Леу Матос и останатите да постигнат фантастични резултати.

За жал денес се потврди црното сецанрио кое се најавуваше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…