Дома Фудбал Италија Официјално: Клаудио Маркизио се пензионираше – повторно би одиграл еден натпревар

Официјално: Клаудио Маркизио се пензионираше – повторно би одиграл еден натпревар

Клаудио Маркизио на 33 години ја заврши фудбалската кариера.

Поранешниот фудбалер на Јувентус одлучи да стави крај затоа што почуствувал дека повеќе не може да игра високо ниво.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Во последните месеци добив понуди од други континети и други земји, но самиот знаев дека нема да можам да дадам се. Поради тоа ја донесов оваа одлука. Под емоции сум, сега работите се менуваат започнувам нова етапа“, изјави поранешниот италијански репрезентативец.

Маркизио со Јувентус освои голем број трофеи во Италија вклучувајќи седум Скудета, но и изгуби две финалиња во Лигата на шампионите. Она против Барселона во 2015 година би сакал да го игра повторно.

„Би сакал да се повтори тоа финале против Барселона во Берлин. Беше борбено, сакам повторно да одиграме еден дел од второто полувреме“, призна Италијанецот.

Дресот на Јувентус Маркизио го носеше 389 пати, додека за Италија запиша 55 настапи, а последната сезона ја помина во руски Зенит, тим за кој поради повреда одигра само девет натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Еве каде може да го гледате бараж натпреварот за Светско првенство на Македонија и Фарски Острови

Машката сениорска репрезентација на Македонија вечерва (20 часот) во Торшавн го игра првио…