Долгонајавуваниот трансфер конечно доби официјална потврда, Каи Хаверц е најскапиот фудбалер во историјата на Челзи.
Германскиот репрезентативец денес успешно ги мина лекарските прегледи и стави потпис на договор со Челзи до 2025 година.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Челзи долго време водеше преговори со Баер Леверкузен и на крајот конечно двете страни најдоа заеднички јазик за трансфер тежок 100 милиони евра. „Сините“ ќе платат 80 милиони евра плус 20 милиони во име на бонуси следните години.
„Многу сум среќен и горд што сум тука. За мене е остварување на сонот да играм за клуб голем колку Челзи и не можам да дочекам да ги запознаам сите фудбалери и тренерот“, изјави Хаверц.
Signed. Sealed. Delivered.#HiKai ? pic.twitter.com/mJGX67SPrD
— Chelsea FC (@ChelseaFC) September 4, 2020