Она што и се очекуваше сега доби и официјална потврда.
Тимот на Ливерпул на својата официјална страна потврди дека Емре Чан и Џон Фланаган го напуштаат клубот по истекот на договорите.
Emre Can and Jon Flanagan will both leave the club upon the expiry of their contracts this summer.
Our full #PL retained list: https://t.co/HuG8VS9p1x
Everybody at #LFC thanks all departing players for their contributions and wishes them the best of luck for the future. pic.twitter.com/5JakqLejT4
— Liverpool FC (@LFC) June 8, 2018
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Потврдата стигна откако англискиот гигант ја објави листата со играчи на кои ќе смета на припремите, а на истата ги немаше имињата на двајцата споменати фудбалери.
Чан во Ливерпул пристигна во 2014 година и од тој момент за „црвените“ одигра 115 натпревари и постигна 10 погодоци. Негова наредна дестинација ќе биде тимот на Јувентус, каде што веќе во наредните денови се очекува да пристигне на медицински прегледи.
Фланаган доаѓа од фудбалската школа на Ливерпул, а во првиот тим беше прекомандуван во 2010 година, од тогаш беше испраќан на две позајмица во Барнли и последната оваа сезона во Болтон.