Пари Сент Жермен денес официјално го објави трансферот на поранешниот играч на Барселона и Јувентус, Дани Алвеш.
Дани Алвеш доаѓа во ПСЖ како слободен агент откако го раскина договорот со Јувентус, а за две години во Париз ќе заработи неверојатни 24 милиони евра.
Имено, Бразилецот потпиша двегодишен договор со „светците“ според кој неделно ќе заработува 250.000 евра, односно 12 милиони евра годишно.
Дани Алвеш беше пред трансфер во Манчестер Сити, но во последен момент се одлучи да потпише за ПСЖ бидејќи францускиот клуб му понуди двојно поголема плата отколку „граѓаните“.
#BemvindoDaniAlves ?? pic.twitter.com/5q8i88VvcP
— PSG Officiel (@PSG_inside) July 12, 2017