Како што беше најавено Антоан Гризман вечерва официјално ја соопшти својата одлука и на големо изненадување потврди дека останува во Атлетико Мадрид.
Иако неговото заминување беше готово сигурно и сите медиуми го поврзуваа со трансфер во Барселона, сепак Гризман одлучи да остане во Атлетико, клуб кој го нарече свој дом.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гризман одлучи да ја прифати понудата на „јорганџиите“ да потпише нов договор според кој ќе стане еден од најплатените фудбалери во светот и ќе заработува 23 милиони евра по сезона.
„Одлучив да останам. Атлетико е мој дом. Вистина е дека Барселона ме бараше за заедно да ја освоиме Лигата на шампиони, но Атлетико се труди да го засили тимот и сметам дека можеме да ја освоиме ЛШ. Затоа сакам да останам овде, овој клуб е мојот дом“, изјави Гризман.
BREAKING: Antoine Griezmann has confirmed he is staying at Atlético Madrid. (Source: @MovistarPlus) pic.twitter.com/BdnmPD0zga
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 14, 2018