Дома Фудбал Англија Официјално: Букајо Сака стана најплатен фудбалер на Арсенал!

Официјално: Букајо Сака стана најплатен фудбалер на Арсенал!

По голманот Рамсдајл, Арсенал потпиша договор со уште еден важен играч, Букајо Сака.

Сака е „дете на Арсенал“ и во изминатите две години одби понуди од други клубови, а сега ја продолжи соработката со Арсенал до 2027 година. Според новиот договор Сака ќе заработува 200.000 фунти неделно и ако нешто не се промени ќе биде најплатениот играч на Арсенал наредната сезона.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Навистина сум среќен. Ова е вистинскиот клуб за мене и сакам да продолжувам да напредувам во кариерата. Тука во Арсенал имам се што е потребно за да станам уште подобар“, изјави 21-годишниот фудбалер.

Претходно освен Рамсдајл, договорот со Арсенал го продолжи и напаѓачот Габриел Мартинели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Погледнете ја неверојатната грешка на голманот која може да ја чини неговата репрезентација пласман на СП

Зеленортска Република можеше да осигура историски настап на Светското првенство со победа …